Руско - украински конфликт
Огласени сирени низ Украина, русите напаѓаат од Крим и Доњецк
23.04.2024 09:20
Нападот доаѓа по уништувањето на тв-кулата во украински Харков, во која беа сместени комуникациските системи за противвоздушната одбрана на украинската армија...

Прогласена воздушна тревога низ речиси целата територија на Украина. Русија удри од Крим и Доњецк. Нападот доаѓа по уништувањето на тв-кулата во украински Харков, во која беа сместени комуникациските системи за противвоздушната одбрана на украинската армија.
За Зеленски, ударот е „заплашување“ и обид за ограничување на градските комуникации. Ја повтори итната потреба од противвоздушна одбрана. За Москва, тоа нема да ја измени динамиката на руската одбрана туку само ќе доведе во нови жртви меѓу украинците.
