Протест на вработените во прилепскиот затвор
Вработените и полицајците од прилепскиот затвор од денеска почнуваат протести секој ден меѓу 12 и 14 часот, поради како што велат, лошите работни услови...

Вработените и полицајците од прилепскиот затвор од денеска почнуваат протести секој ден меѓу 12 и 14 часот, поради како што велат, лошите работни услови.
Под страв и од неможност да одговорат на потребата за обезбедување, половина од вработените се на боледување и избегнуваат извршување на работните задачи додека останатата половина од се оставени на милост и немилост, се наведува во дописот.
Независниот синдикат на затворската полиција и администрација бил информиран од директорот на управата за извршување санкции дека решавањето на проблемот не е во негова надлежност и дека тој нема моќ да го реши.
Иако побарале средба со министерот, сè уште не добиле одговор.
