Нови откритија на локалитетот Стибера
Откриени се еден огромен жртвеник, на засега непознат бог, надвор од досегашниот комплекс кој се истражува, потоа светилиште на египетскиот бог Хорус...

4 нови објекти се пронајдени на 3 нови пунктови кои оваа година се отворија на локалитетот Стибера кај Прилеп. Откриени се еден огромен жртвеник, на засега непознат бог, надвор од досегашниот комплекс кој се истражува, потоа светилиште на египетскиот бог Хорус, една работилница и можеби еден од најретките и најрепрезентаивните објекти досега откриени во Македонија - мега комлекс со внатрешни ѕидови украсени со штуко техника. Се претпоставува дека бил објект од јавен карактер, но допрва треба да се истражи неговото значење и функција.
„Во договор со директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ се обезбедија дополнителни средства за да се види што претставувала таа градба, но и оваа година нема да можеме да го кажеме тоа, откривањето на тој комплкес ќе остане за наредната година“, вели Душко Темелкоски, раководител на проектот.
Во наредниот период ќе се интезивираат истражувањата тука, со употреба на гео скенерот, кој во цела Југоисточна Европа единствено го поседува нашата Управа за заштита на култунро наследство.
„Значењето на таа опрема е тоа што ќе се откријат репрезентативни објекти, ќе се заштеди на време и финасиски средства кои потоа ќе се насочат на подетални и поточни археолошки истражувања во иднина“, изјави Дејан Ристовски, Управа за заштита на културното наследство.
Стибера како град својот најголем процут го има некаде во 1 и 2 век од нашата ера. Според историските записи градот тогаш броел околу 20.000 жители што укажува на тоа дека Стибера била вистински центар во овој дел на Македонија.
Инаку се претпоставува дека градот се простирал на површина од околу 50-тина хектари, а досега е откриено само околу 1 процент од него.
Дарко Штаргоски
