Северна Кореја
Северна Кореја изведе прва воена вежба за нуклеарен контра напад
23.04.2024 09:33
Врховниот водач Ким Џонг Ун ја надгледуваше вежбата која освен што ја тестира различноста на нуклеарните капацитети, воедно е и протест против провокативните и инвазивни воени вежби на САД и јужна Кореја...

Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби симулирајќи нуклеарен контра напад. Врховниот водач Ким Џонг Ун ја надгледуваше вежбата која освен што ја тестира различноста на нуклеарните капацитети, воедно е и протест против провокативните и инвазивни воени вежби на САД и јужна Кореја.
Беа истрелани и неколку балистички ракети со краток дострел кон морето, во близина на источниот севернокорејски брег.
Пјонгјанг пред неколку дена тестираше боева глава од „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета.
