Малезија

Десет загинати при судар на два воени хеликоптери во Малезија

23.04.2024 09:39

Според снимките, до несреќата дошло откако едното летало го фатило роторот на другиот хеликоптер, по што се урнале...

Десет лица загинаа при судар на два малезиски воени хеликоптери за време на вежба, соопштија властите. Биле на обука во поморската база во Перак во пресрет на прославата на 90-годишнината од морнарицата, што треба да се одржи следниот месец.

Според снимките, до несреќата дошло откако едното летало го фатило роторот на другиот хеликоптер, по што се урнале. Сепак, истрагата допрва треба да ги истражи и потврди причините за инцидентот.