Избори 2024

Граѓаните ќе можат да подигнат лични документи и на денот на гласањето

23.04.2024 09:46

Од МВР посочуваат и дека скопјани ќе можат личните карти да ги подигнат и во полициските станици.

Граѓаните ќе можат да ги подигнат готовите лични документи и в среда, на 24 април, на денот на одржувањето на првиот круг од претседателските избори. Од МВР посочуваат и дека скопјани ќе можат личните карти да ги подигнат и во полициските станици.

„Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат во среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 година ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 8 до 19 часот“, информираа од МВР.