Избори 2024

Денеска гласаат болните и изнемоштени лица

23.04.2024 10:15

На претседателските избори 2024-та година граѓаните ќе можат да избираат меѓу седуммина кандидати...

Од ноќеска на полноќ почна изборниот молк за претседателските избори и ќе трае до утре до 19 часот до затворање на гласачките места. На претседателските избори 2024-та година граѓаните ќе можат да избираат меѓу седуммина кандидати.

Овие претседателски избори се поклопуваат со изборот на пратеници, па кампањата за парламентарните кои треба да се одржат на 8-ми мај, продолжува. За парламентарните избори граѓаните ќе можат да избираат од 17-те коалиции и партии за новиот 120-член парламентарен состав. И на овие парламентарни избори нема претставник од 7-та изборна единица, односно од дијаспората, бидејќи немаше доволен број македонски државјани кои се пријавија за гласање.

Денеска за претседателските избори во дипломатско-конзуларните претставништва своето право на глас може да го остварат македонските државјани коишто се во странство.

Исто така, денеска гласаат и болните и изнемоштени лица. Гласачките места беа отворени точно во 7 часот изутрината.

Од Куманово известува Елена Георгиевска