Трет ден молк од општина Струмица за посетите на Заев во Грција
Кај аналитичари се отвора сомнежот дека Заев сепак имал политички мотиви за честите посети на Грција...

Трет ден молк од општината Струмица за деталите за посетите на градоначалникот Заев на Грција. Последната информација добиена од таму вчера беше дека Заев се кажал на прес-конференцијата во Скопје и тие немале што да додадат.
Лидерот на СДСМ изјави дека бил службено во три збратимени општини. Според информациите, две од трите општини што ги споменал Заев не постојат. Општината Панорама била укината пред четири години, а општината Аксиос била припоена кон солунската перфектура Делта.
Кај аналитичари се отвора сомнежот дека Заев сепак имал политички мотиви за честите посети на Грција, пеш без автомобил, пред клучни настани за Македонија.
СДСМ денеска испрати соопштение во кое вели – Никола Груевски јалово се обидува да го сврти вниманието од актуелната политичка ситуација во земјата.
