Македонија
Претседателските избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
23.04.2024 11:35
Над 900 набљудувачи, странски новинари и преведувачи ќе ги следат претседателските избори во Македонија...

Над 900 набљудувачи, странски новинари и преведувачи ќе ги следат претседателските избори во Македонија, чиј прв круг се одржува утре, а вториот на 8-ми мај заедно со парламентарните. Заклучно со 19-ти арпил, за следење на изборите се акредитирале вкупно 942 набљудувачи и преведувачи од кои 342 домашни и 568 странски.
Најбројни се набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР – вкупно 375, а од домашните, набљудувачите на Здружението за развој на општествено-социјални иновации „Вејк ап“, односно 182.
