Поливалентни вакцини од следната година

21.06.2014 17:37

За ова владата ќе вложи 380 милиони денари...

Владата на првата седница почнала и процедура за набавка на поливалентни вакцини. За ова, ќе вложи 380 милиони денари.

„Овие вакцини ќе помогнат затоа што ќе се намали бројот на боцкање на деца до 2 годишна возраст од 13 на 7. Ќе се намали и бројот на сите компликации што понекогаш се јавуваат при вакцинирањето“, изјави премиерот Груевски.

Првите дози се очекува да стигнат во вториот квартал следната година.