Избори 2024

Гласаат болните и изнемоштените

23.04.2024 13:15

На претседателските избори 2024-та година граѓаните ќе можат да избираат меѓу седумтемина кандидати. Овие претседателски избори се поклопуваат со изборот на пратеници, па кампањата за парламентарните кои треба да се одржат на 8-ми мај продолжува.

Од ноќеска на полноќ почна изборниот молк за претседателските избори и ќе трае до утре до 19 часот, до затворање на гласачките места.

На претседателските избори 2024-та година граѓаните ќе можат да избираат меѓу седумтемина кандидати. Овие претседателски избори се поклопуваат со изборот на пратеници, па кампањата за парламентарните кои треба да се одржат на 8-ми мај продолжува.

Денеска за претседателските избори во дипломатско-конзуларните претставништва своето право на глас може да го остварат македонските државјани коишто се во странство.

Исто така, денеска гласаат и болните и изнемоштени лица. Гласачките места беа отворени точно во 7 часот изутрината.

Известува Елена Георгиевска