Неработните денови за изборите негативно влијаат врз стопанството
24-ти април и 8-ми мај се неработни денови за сите граѓани. Државниот пазарен инспекторат со укажување до работодавците дека не треба да извршуваат дејност, со исклучок на оние места каде процесите не може да прекинат. Бизнисмени се жалат дека не биле консултирани. Велат, одлуката ќе има негативно влијание врз стопанството…

24-ти април и 8-ми мај се неработни денови. Трговците не смеат да работат, а дозвола за работа ќе имаат само работодавците чиишто работни процеси поради својата природа не сме да прекинат, укажа Државниот пазарен инспекторат.
„Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали заклучокот од техничката влада се почитува од страна на работодавците“, се вели во соопштението на ДПИ.
Од Сојузот на стопански комори рекоа дека бизнисмените не биле консултирани и оти неработниот ден имаат негативно влијание врз работните процеси во текот на целата недела.
За стопанството да заживее, бизнисмените сметаат дека мора да се намали зависноста од енергенси. Цената на лебот е стабилна и засега нема да се менува.
Од Сојузот на стопански комори бараат фокус на економијата и на реформите.
Марија Котовска
