ГЕРМАНИЈА
Германски државјани уапсени поради сомнение дека шпионирале за Кина
23.04.2024 15:20
Претходно три лица, осомничени дека шпионирале за Кина и договарале пренос на информации за технологија со потенцијална воена употреба се уапсени во Германија...

Помошник на екстремно десничарски германски пратеник во Европскиот парламент е уапсен под сомнение дека шпионирал во корист на Кина. Претходно три лица, осомничени дека шпионирале за Кина и договарале пренос на информации за технологија со потенцијална воена употреба се уапсени во Германија.
Според обвинението, германските државјани работеле за кинеското разузнавање уште од јуни 2022 година. Од Пекинг велат дека извештаите не се ништо друго освен нагаѓање со цел да се оцрни и потисне Кина.
