ССМ: Да бидеме гласни за подобрување на правата на работниците
Сојузот на синдикати на Македонија ги повикаа синдикалните организации да учествуваат на традиционалниот првомајски марш. Порачаа – да бидеме гласни за подобрување на правата на работниците, трошоците за живот се преголеми наспроти премалите плати...

Минимална плата од 450 евра, враќање на трошоците за храна и превоз, во износ од 20 проценти од просечната плата, со овие барања Сојузот на синдикати го најави големиот првомајски протест. Претседателот Трендафилов ги повика и преостанатите синдикати и здруженија да се приклучат и со тоа заеднички да ги подобрат работничките права. Тој објави дека над 20.000 работници добиваат плата под минималната, со месеци доцнат примањата за вработените во Македонски шуми и Водостопанство. Работничкото движење, според него е исправено пред сериозен егзистенцијален предизвик.
ССМ ги прави последните пресметки за синдикалната кошничка и таа ќе биде повисока од март за 1.200 денари.
Според Трендафилов, од јануари до април граѓаните се посиромашни за речиси 3.000 денари, вели дека ова треба да биде доволен мотив за сите работници да им се приклучат на маршот. Работничкиот протест е закажан за 11 часот пред работничкиот дом и ќе заврши пред Владата.
Викторија Милевска
