Саем на книга

Македонската книжевност им се врати на читателите

23.04.2024 15:49

Многу купуваат, малку читаат. Меѓународниот ден на книгата секоја година дочекуван со сè помалку фанови …

Дождлив вторник, Саем на книга. Меѓу посетителите и четвртоодделенката Ива која задлабочено чита на еден од штандовите, задоволна што ја нашла книгата по нејзина мерка. Деветгодишното девојче не се сеќава од кога почнало самото да чита книги, но памети дека мајка и секоја вечер и читала додека не ги совладала буквите. Таа има две другарки со кои си разменува книги, но би сакала сите да почнат да читаат.

Книгата сега повеќе се вреднува

Искра Димковска е уредник во издавачка куќа, таа вели, за разлика од пред 20 години, книгата сега повеќе се вреднува. Таа ја знае тајната како да се допре до децата.

Романсите се жанрот што го избира осумнаесетгодишната Ева. И требаше време, но одбра која книга да ја купи.

Битно е да се стекне читачката база, вели Ана Несторовска Саздовска, задоволна што се читаат и домашните автори.

Младиот автор Петар Андоновски вели, македонската книжевност им се врати на читателите. Тој е задоволен од интересот кој постои за книгите.

„Приказна се чита“, е мотото на 36. издание на Саемот на книга. Целта е младите да ја осознаат мудроста што им ја нудат книгите, наспроти скролањето на стории на телефоните.

Меѓународниот ден на книгата е убаво да се помине заедно со Ива и Ева, но друштвото се ситни, оти официјалните податоци се повеќе инсинуираат дека книгата веројатно е тренд да се купи и да се држи во рака, ама се помалку да се чита.

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски