Затворениците гласаа, вработените во прилепскиот затвор излегоа на протест
Додека се гласа, вработените во прилепскиот затвор излегоа на протест. Своето незадоволство, како што велат, ќе го искажуваат од 12 до 14 часот, незадоволни се, велат, од Независниот синдикат на затворската полиција и администрација, од општата состојба во затворот...

Недоволен кадар на затворски полицајци, несоодветна локација на прилепскиот Казнено-поправен дом и недоволна безбедносна опременост на кадарот оневозможуваат да има основни услови за безбедност во прилепскиот затвор, велат вработените во оваа институција кои излегоа на двочасовен протест пред затворот. Бараат да нема прераспределување на осуденици со висок ризик и да се подобрат условите за работа.
Состојбите ги предочиле пред директорот на Управата за санкции кој ги упатил до Министерството за правда. Немаат одговор и вработените, велат се принудени на протест зашто условите за работа и безбедносната состојба се критични.
Во прилепскиот затвор има 54 затворски полицајци, а треба да се двојно повеќе и 70-тина насто не се соодветно вооружени за осуденици од висок ризик. Во затворот се 125 затвореници.
Елизабета Митреска
