Тенис

Ѓоковиќ по петти пат ја доби наградата „Лауреус“

23.04.2024 20:36

Наградата на Ѓоковиќ му ја предаде поранешниот НФЛ играч Том Брејди...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (37) по петти пат во кариерата ја доби наградата „Лауреус“, за најдобар спортист на светот. Иако е во поодминати години како тенисер, тој доминираше во новата генерација играчи, така што во претходната сезона освои три грен-слем титули, а на четвртиот грен-слем играше финале, па немаше дилема дека ќе победи во жестока конкуренција на Макс Верстапен, Лионел Меси, Ерлинг Халанд, Арманд Дуплантис, Ноа Лајлс.

Наградата на Ѓоковиќ му ја предаде поранешниот НФЛ играч Том Брејди. Брејди заедно со Ѓоковиќ вчера во Мадрид го следеше и големото „Ел Класико“ кое заврши со победа на Реал Мадрид (3:2).