САД

Сенатот го усвои пакетот помош за Украина

24.04.2024 08:17

Киев добива речиси 61 милијарда долари од пакетот. Зеленски преку социјална мрежа изрази благодарност до сите сенатори...

Американскиот Сенат со широка двопартиска поддршка го усвои долго одложуваниот пакет помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, испраќајќи ја легислативата до претседателот Бајден на потпис. Киев добива речиси 61 милијарда долари од пакетот. Зеленски преку социјална мрежа изрази благодарност до сите сенатори. Претходно и Британија вети дека испраќа оружје во вредност од 620 милиони долари за Украина.

„Разговаравме за деталите со премиерот Сунак, важно е оружјето да се испорача навреме. Оклопни возила, како и чамци за да се обезбеди нашата економска безбедност во црното море. И благодарам и на Данска за дополнителната поддршка од 380 милиони евра“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

САД го поздравија потегот на велика Британија, како и одлуката на земјата за зголемување на трошоците за одбрана за 2,5 насто. Во истовреме, севернокорејска делегација заминува во посета на Иран, кој и обезбеди голем број балистички ракети на Русија за употреба во војната со Украина.