Израел

Ексхумирани над 300 тела, ООН бараат истрага

24.04.2024 08:22

Шефот на ОН за човекови права рече дека е „ужаснат“ од извештаите за масовни гробници во Кан Јунис по израелските напади каде што беа ексхумирани над 300 тела...

Шефот на ОН за човекови права рече дека е „ужаснат“ од извештаите за масовни гробници во Кан Јунис по израелските напади каде што беа ексхумирани над 300 тела.

„Високиот комесар е ужаснат од уништувањето и објавеното откритие на масовни гробници во и околу овие објекти. Повика на независни, ефективни и транспарентни истраги за смртните случаи“, изјави Равина Шамдасани, портпарол на канцеларијата за човекови права на ОН.

Тел Авив ги негира наводите за овие злосторства. Додека израелската војска продолжува со офанзивата, шефот на европската дипломатија уништувањето во газа го спореди со германските градови за време на втората светска војна.

„Градовите во газа се повеќе уништени од германските градови за време на втората светска војна. Израел мора да го почитува меѓународното право, да ги спроведе привремените мерки на Меѓународниот суд на правдата и да обезбеди заштита на сите цивили и хуманитарни работници да ја вршат својата работа“, изјави Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна политика.

Стотици демонстранти протестираа во Израел одбележувајќи 200 дена од војната со исто барање-да се ослободат заложниците во Газа. Повеќе од 130 лица беа приведени во Њујорк по антиизраелските студентски демонстрации.