Буџетот за одбрана на Велика Британија се зголемува за 2,5 насто
Велика Британија најави зголемување на трошоците за одбраната на 2,5 насто од БДП-то, соопшти премиерот Сунак за време на неговата посета во Варшава каде што беше заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг...

Велика Британија најави зголемување на трошоците за одбраната на 2,5 насто од БДП-то, соопшти премиерот Сунак за време на неговата посета во Варшава каде што беше заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
НАТО постави цел за земјите членки да издвојат два насто од БДП-то за својата одбрана. Според Сунак, во следните шест години во британската одбрана ќе бидат инвестирани дополнителни 75 милијарди фунти.
„Ова е важен момент во одбраната на обединетото кралство. Генерациска инвестиција во британската безбедност и просперитет. Тоа не прави побезбедни дома и посилни во странство“, изјави Руши Сунак, премиер на Велика Британија.
