Франција
Најавен штрајк на контролорите на летање во Франција
24.04.2024 08:52
Штрајкот на контролорите на летање планиран за утре ќе направи хаос на аеродромите низ Франција...

Штрајкот на контролорите на летање планиран за утре ќе направи хаос на аеродромите низ Франција.
И покрај ветувањата на синдикатите дека нема да штрајкуваат поради Олимпијадата, се очекува поради протестот да бидат откажани околу 75 насто од летовите на парискиот аеродром „Орли“ и 65 насто на аеродромот „Шарл Де Гол“.
