МВР
Лични документи може да се подигнат и денеска
24.04.2024 09:07
Сите граѓани кои имаат поднесено барање за нови лични карти и кои им се готови истите ќе може и денеска да ги подигнат, информира МВР...

МВР информира дека сите граѓани кои имаат поднесено барање за нови лични карти и кои им се готови истите ќе може и денеска да ги подигнат.
Граѓаните на Скопје ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици на територијата на градот.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 8 до 19 часот“, соопштија од МВР.
