ДИК
До 9 часот нема пријавено нерегуларности, непречено тече изборниот процес
24.04.2024 09:17
Два часа се одвива гласањето за првиот круг од претседателските избори...

Два часа се одвива гласањето за првиот круг од претседателските избори. Граѓаните кои сакаат да гласаат, мора да се појават на гласачкото место со важечки документ за идентификација, може да се гласа со истечена лична карта или пасош, но не постари од 9 месеци. Граѓаните мора да го поминат и двојниот филтер за идентификација, со биометриски уреди за отпечатоци. Од Државната изборна комисија известува Елизабета Кузмановска.
