Вкупен број на гласачи на претседателските избори
За 30 години бројот се зголемил за нешто повеќе од 450 илјади. Излезноста е клучен фактор за претседателските избори...

Споредбено со годините наназад, на овие претседателски избори има избирачки список со најмногу запишани граѓани со право на глас. За 30 години бројот се зголемил за нешто повеќе од 450 илјади. Излезноста е клучен фактор за претседателските избори.
Во вториот круг, потребно е да излезат најмалку 40 насто од запишаните избирачи за да бидат успешни. Низ годините може да се забележи тенденцијата на намалување на одѕивот.
Од 77,4 насто во 1994-та, па до најниското ниво од 42,6 проценти во 2009-та. На последниот изборен процес пред 5 години гласале нешто под 47 проценти од избирачите. На овие избори по вторпат во историјата има најмногу кандидати за шеф на државата, седум, како и во 2009-та.
Споени претседателски со парламентарни имаше и во 2014-тата, а заедно избори за шеф на државата со локалните избори имаше во 2009-та.
