МВР
Санкционирани 108 возачи во Скопје
24.04.2024 10:21
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас, информираат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.
