Ла Манш
Нови смртни случаи на мигранти во каналот Ла Манш, меѓу нив и дете
24.04.2024 10:56
Нови смртни случаи на мигранти во каналот Ла Манш. Пет лица го загубија животот, меѓу нив и 7-годишно дете...

Нови смртни случаи на мигранти во каналот Ла Манш. Пет лица го загубија животот, меѓу нив и 7-годишно дете.
Неколку часа откако Британија најави дека ќе ги депортира во Руанда сите коишто ќе влезат нелегално во земјата, голем број чамци преполни со луѓе испловиле од Францускиот брег.
Француската морнарица соопшти дека спасила 49 лица, но 58 други одбиле да се симнат од бродот и продолжиле кон Велика Британија.
