ЦУК: 1.704 повици на 112 во последното деноноќие, внимателно возење поради одрони
Кон полиција биле упатени 63,04 отсто од повиците, кон итната медицинска помош 29,35 отсто, а кон пожарникарите 1,45 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК....

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1.704 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 54,99 отсто, а 45,01 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопшти утрово ЦУК.
Кон полиција биле упатени 63,04 отсто од повиците, кон итната медицинска помош 29,35 отсто, а кон пожарникарите 1,45 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало пожари на отворено. Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид имале две интервенции поради запалени оџаци во изминатото деноноќие, информираат од ЦУК.
Оџаците потребно е превентивно поредовно да се чистат, препорачуваат пожарникарите Регионалниот ЦУК Штип, по јавувања на 112, известува за повеќе одрони во различни временски периоди.
Од 12. 45 часот на патниот правец од село Истибања – Виница, од 13. 55 часот на делницата Кочани-Делчево и во период од 15. 00 до 15.30 часот кај село Калиманци и на патен правец село Удово-Демир Капија.
Веднаш од ЦУК биле известени надлежните од ЈП за одржување на регионалните и магистралните патни правци од Кочани коишто интервенирале и биле исчистени одроните од патот, соопшти ЦУК.
