Претседателски избори 2024

Право на глас, но и на надежи и очекувања на жителите на Мало Коњари

24.04.2024 11:38

Непречено и без проблеми се одвива изборниот процес во Прилеп. Екипата на МТВ го посети прилепско Мало Коњари. Таму се гласа, ама и будно се следи земјоделското производство …

Селото на Силјан штркот, прилепско Мало Коњари и не е толку мало. Барем според жителите и бројот на избирачи. Тие денеска го остваруваат своето право на глас, но и имаат обврска со земјоделското производство.

Од околу 650 жители, 540 се регистрирани гласачи. Изборниот процес тече непречено, а избирачите со свои очекувања.

Жителите-тутунари му се израдуваа на сонцето по обилните дождови. Го проверуваат расадот. И се надеваат бериќетна година.

Животот во Мало Коњари продолжува со надежта и очекувањата.

 

Елизабета Митреска