Формула 1

Ферари победува,ама во место

08.12.2013 22:01

Втора година по ред тимот на Ферари ја добива  наградата на Скај спорт Ф1 телевизијата за најдобро просечно време про менувањето на пневматиците во изминатата сезона. Болидите на Ферари во 2013-тата 90 пати менувале при што само 11 пит-стопа траеле подолго од 3 секунди. 53 застанувања траеле помалку од 2,5 секунди, а најбрзо се сменети пневматиците на Алонсо при првиот пит-стоп на јапонското гран-при за само 1,95 секунди.

За одличната работа на тимот потврда е речиси идентичното менување кај двата болида. Просечното задржување на Алонсо во боксот било 2,75 секунди, додека пит-стоповите на Маса  траеле просечно 1 десетинка подолго,односно 2,76 секунди.

Од Пирели-снабдувачот на пневматици во Формула 1 е потврдено дека во минатата сезона најбр пит-стоп имал Марк Вебер на американското гран-при кога  4-те пневматици му биле сменети за само 1 секунда и 92 стотинки.

Зоран Видевски