Избори 2024

ОДИХР има повеќе од 200 набљудувачи кои ги следат изборите

24.04.2024 12:31

Изборниот процес на првиот круг од претседателските избори го следат 942 набљудувачи. Според списокот што го објави ДИК, 342 набљудувачи се домашни, а 568 се странски. ОБСЕ/ОДИХР има најмногу акредитирани набљудувачи, односно 372 набљудувачи на национално ниво...

Првиот круг од претседателските избори го набљудуваат голем број домашни и странски набљудувачи. ДИК издаде акредитација на 915 домашни и 628 меѓународни набљудувачи и 38 странски новинари, главно од земјите од регионот.

ОДИХР по 22-ри пат ги набљудува изборите во земјава. Овој пат испрати 20 долгорочни и над 200 краткорочни набљудувачи за претседателските и парламентарните избори на 24-ти април и 8-ми мај. Набљудувачите во тимови по двајца се распоредени низ целата територија на државата.

Првичните оценки за изборниот процес, еден ден по изборите

ОДИХР го набљудува подготовките на изборите, изборната кампања, финансирањето на изборите, спроведувањето на изборниот законик, медиумското известување, текот на гласањето, пребројувањето и сумирањето на гласовите.

„Овде сме да ги набљудуваме изборите во Северна Македонија и како и секаде, ги оценуваме согласно меѓународните обврски и националното законодавство. Досега имав можност да посетам две гласачки места и засега има добар старт на изборите. Ова се само две гласачки места од многуте во земјата. На крајот од денот ќе ги собереме сите податоци за да направиме целосна проценка на избирачкиот процес. Имаме над 200 набљудувачи низ целата земја и долгорочни набљудувачи коишто се подолго време од крајот на март. Правиме комплетна проценка на изборниот процес со законската рамка до Државната изборна комисија, финансирањето на изборната кампања и улогата на медиумите“, изјави Џилијан Стирк, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР.

ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборниот процес на прес-конференција еден ден по изборите.

 

Ирина Гелевска