Избори 2024
До 11 часот излезеност од 12,78 проценти на територијата на цела држава
24.04.2024 13:16
До 11 часот гласале речиси 229 илјади и 500 граѓани. На избирачките места најмалку гласачи излегле во општина Врапчиште...

Според Државната изборна комисија, до девет часот гласале 4,5 насто од запишаните гласачи. Најмала излезеност има во општина Пласница, нешто под еден насто, а најмногу гласале во Крива Паланка, 9,54 проценти.
Во 11 часот забележана е излезеност од 12,78 проценти на територијата на цела држава, односно гласале речиси 229 илјади и 500 граѓани. На избирачките места најмалку гласачи излегле во општина Врапчиште, 4,32 проценти од запишаните во избирачкиот список, а најмногу во Демир Капија, речиси 24 проценти.
