Избори 2024
Во општина Центар гласањето се одвива без проблеми
24.04.2024 13:44
Екипата на Македонската телевизија го посети и избирачкото место 2822 во општина Центар. Нема регистрирано нерегуларности…

На гласачкото место 2822 во општина Центар, изјаснувањето на граѓаните со право на глас за првиот круг од претседателските избори се одвива без проблеми, потврди претседателката на избирачкиот одбор. Гласачкото место било отворено точно во 7 часот.
Граѓаните кои го искористија гласачкото право велат дека од новиот претседател очекуваат да се грижи за јавниот интерес.
Гласањето за претседателските избори ќе се одвива до 19 часот.
Сунчица Николоска
