Кина
Блинкен пристигна во Шангај на тридневни разговори со кинески претставници
24.04.2024 13:58
Блинкен патува – кратко време по разговорот меѓу претседателот Џо Бајден и кинескиот лидер си Џинпинг...

Американскиот државен секретар Блинкен пристигна во Шангај на тридневни разговори со кинески претставници. Блинкен патува – кратко време по разговорот меѓу претседателот Џо Бајден и кинескиот лидер си Џинпинг. Посетата следи во време кога односите меѓу САД и Кина се на критична точка поради бројните глобални спорови.
Според аналитичари, врските меѓу Вашингтон и Пекинг се напнати, а несогласувањата стануваат се пошироки.
