МВР

Мирен изборен ден со одредени нерегуларности

24.04.2024 14:00

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, известуваат од МВР. Досега изборниот процес се одвивал мирно, без проблеми...

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, известуваат од МВР. Досега изборниот процес се одвивал мирно, без проблеми.

Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. На подрачје на општина Чаир во Скопје на паркирани возила биле забележани летоци во врска со изборниот процес, а на две локации во Скопје забележани испишани графити, велат од МВР.

Покрај графитите околу 6 часот било пријавено од претседателот на избирачкиот одбор дека во ходникот била пронајдена испукана димна бомба. Од страна на полициски службеници се преземени потребните мерки и активности и гласањето се одвива непречено, информираат од МВР.

Апелираат до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.