Претседателски избори 2024

Гласање во скопски Карпош

24.04.2024 14:42

Екипата на Македонската телевизија во посета на избирачки места во Општина Карпош. На едно од избирачките места, гласањето почнало 10 минути подоцна...

Поради технички проблеми едно од гласачките места во основното училиште „Јан Амос Коменски“ било отворено во седум часот и десет минути. Од избирачкиот одбор велат дека во моментот се е во најдобар ред и изјаснувањето на граѓаните со право на глас за првиот круг од претседателските избори се одвива без проблеми.

Во најдобар ред и без нерегуларности тече и гласањето на избирачкото место 2609 во гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во скопски Карпош – потврдуваат од избирачкиот одбор.

Граѓаните кои го искористија гласачкото право велат дека од новиот претседател очекуваат да се грижи за јавниот интерес.

Гласањето за претседателските избори ќе се одвива до 19 часот.

 

Сунчица Николоска