Избори 2024

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 26,35 проценти

24.04.2024 15:22

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, го објави новиот пресек за излезеност на гласачите до 13 часот...

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, го објави новиот пресек за излезеност на гласачите до 13 часот.

Последните податоци на ДИК велат дека до 13 часот на територијата на целата држава гласале 26,35 насто од запишаните гласачи. Според досега обработените податоци најмногу гласале во Новаци, 42,87 проценти, а најмала излезеност има Врапчиште со 10,18 проценти. Право на глас до 13:00 часот оствариле 417.170 граѓани.

До 13 часот во ДИК се пристигнати 140 приговори за правото на гласање. Од нив, 16 се прифатени, што значи дека тие лица ќе може да гласаат, девет се отфрлени, осум како неуредни, а другите се во обработка, информираше Даштевски.