ДИК: Излезеноста од 15 часот е 35,89%, најголем одѕив во Новаци, најмал во Центар Жупа
Според податоците за излезеност коишто се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69%, додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.

До 15 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за излезеност на гласачите од 2.110 избирачки места. Од вкупно запишани 1.092.341 гласачи на овие избирачки места, гласале 392.066 односно 35,89%.
Според податоците за излезеност коишто се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69%, додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.
До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.
