Избори 2024

Гласање на граѓаните од Драчево

24.04.2024 16:31

Во Драчево има 10 избирачки места. Граѓаните кои беа анкетирани, очекуваат оној кој ќе седне на претседателската фотелја да го исполни ветеното од програмата...

Во основното училиште „Рајко Жинзифов“ во Драчево има 10 избирачки места. Граѓаните може да го остварат своето право на глас до 19 часот.

На избирачкото место 2.780 има вкупно 788 гласачи досега излезноста е над 46 проценти, велат од Избирачкиот одбор.

Граѓаните кои беа анкетираниочекуваат оној кој ќе седне на претседателската фотелја да го исполни ветеното од програмата.

Доколку сега никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг одат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг, односно на 8-ми мај.

 

Ана Јосифовска Тодоровска