МВР

МВР: Повеќе граѓани го фотографирале гласачкото ливче

24.04.2024 16:40

За време на изборниот процес, пријавени се пет лица кои ги фотографирале гласачките ливчиња, соопшти Министерството за внатрешни работи...

Од 11 до 14 часот, за време на изборниот процес, пријавени се пет лица кои ги фотографирале гласачките ливчиња, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавен е С.А. во село Коцалија, Радовиш на избирачко место 1.602. Околу 12 часот, 40-годишниот А.С. на избирачко место 2.683/1 бил затекнат како го фотографира гласачкото ливче.

Околу 12 часот е пријавено дека и А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1.271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во 12:35 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Околу 14 часот е пријавено дека на избирачко место 2.555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од МВР.