ДИК: Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18%
Заклучокот е дека гласањето се одвива мирно. Најголема е излезноста во Новаци, каде гласале 67,19%, а најмала во Пласница, каде гласале 15,5% од гласачите...

Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 1.788 избирачки места.
Заклучокот е дека гласањето се одвива мирно. Најголема е излезноста во Новаци, каде гласале 67,19%, а најмала во Пласница, каде гласале 15,5% од гласачите.
Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до 17 часот, излезноста е поголема за околу 9%.
До ДИК досега се доставени 308 приговори, од кои 85 се усвоени, 27 отфрлени како неуредни, а 38 се одбиени. Останатите се во процес на обработка.
