Претседателски избори 2024

Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ

24.04.2024 18:53

Со оглед дека податоците ги добиваме од Општински изборни комисии со помош на ИТ лица се надеваме дека пред полноќ ќе ги имаме резултатите во над 50 проценти и ќе може да ги објавиме, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски попладне на прес-конференција.

Првичните неофицијални резултати од првиот круг на претседателските избори Државната изборна комисија ќе ги објави околу полноќ.

Ние во 19:30 часот имаме уште една прес-конференција на која ќе биде соопштена вкупната излезеност на првиот круг на Претседателските избори. Со оглед дека податоците ги добиваме од Општински изборни комисии со помош на ИТ лица се надеваме дека пред полноќ ќе ги имаме резултатите во над 50 проценти и ќе може да ги објавиме, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски попладне на прес-конференција.

Тој прашан дали има податоци за прекин на гласањето на одредени гласачки места истакна дека официјални приговори и податоци има само за три избирачки места во Куманово, едно каде бил изгубен печат, а на две поради тоа што не работел уредот за биометриска верификација.

Дикмире Шеху појасни дека согласно Изборниот законик на места каде гласањето не почнало повеќе подолго од три часа тоа се прекинува, а такви биле три места во Куманово.