Претседателски избори 2024
ДИК: Излезеност од 48,38% до 18:30 часот
24.04.2024 20:18
Најголема излезеност, како и досега, има во Новаци, 71,07%, а најниска во Центар Жупа- 16,90%.
Со обработени 94 проценти од избирачките места, излезеноста на гласачите до 18:30 часот во првиот круг од претседателските избори е 48,38 проценти, покажуваат последните ажурирани податоци на ДИК.
Обработени се 3.270 избирачки места на кои се запишани вкупно 1.711.259 избирачи. До 18:30 часот, според податоците на Државната изборна комисија, на овие избирачки места гласале 827.990 избирачи.
Најголема излезеност, како и досега, има во Новаци, 71,07%, а најниска во Центар Жупа- 16,90%.
Гласањето, како што соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, помина мирно и без поголеми инциденти.
