Двојна предност на Силјановска-Давкова пред Пендаровски по преброени 70% од гласовите
Води кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова со освоени 247.366 гласови (39,15%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 121.228 гласови (19,19%)...

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 71,19 проценти од гласовите, односно 2.490 од вкупно 3.508 избирачки места, води кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова со освоени 247.366 гласови (39,15%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 121.228 гласови (19,19%).
Трет е Бујар Османи од ДУИ со 92.135 гласови (14,58%), Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ има 66.262 гласови (10,49%), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 53.223 гласови (8,42%), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 28.445 гласови (4,50%) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5.467 гласови (0,87%).
