Претседателски избори 2024

Преброени над половина од гласовите

24.04.2024 21:05

Води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 36,99 отсто од гласовите, пред Стево Пендаровски од СДСМ со 18,18 проценти од гласовите...

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 50,86 проценти, односно 1.784 од вкупно 3.508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 36,99 отсто од гласовите, пред Стево Пендаровски од СДСМ со 18,18 проценти од гласовите.

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 16,44 проценти од гласовите, Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 12,11 %, Максим Димитриевски од ЗНАМ – 7,87 %, Билјана Ванковска поддржана од Левица има 4,38 % и Стевчо Јакимовски од ГРОМ – 1 процент.