ДИК по преброени над 80% од гласовите: Силјановска Давкова – 39,82%, Пендаровски – 19,42%
Води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 282.075 гласови (39,82%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 137.450 гласови (19,42%).

Резултатите што ДИК ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 80 проценти од гласовите, односно 2.806 од вкупно 3.508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 282.075 гласови (39,82%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 137.450 гласови (19,42%).
Трет е Бујар Османи од ДУИ со 101.160 гласови (14,28 %), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 71.633 гласови (10,11 %), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 59.933 гласови (8,46 %), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 30.802 гласови (4,35 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5.321 гласови (0,75 %).
