Претседателски избори 2024

Силјановска- Давкова со двојна предност пред Пендаровски во првиот круг

24.04.2024 23:59

Води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 326.310 гласови (39,95%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 162.678 гласови (19,92%)...

Резултатите што ДИК ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени над 90 проценти од гласовите, односно 3.176 од вкупно 3.508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 326.310 гласови (39,95%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 162.678 гласови (19,92%).

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 111.532 гласови (13,66 %), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 78537 гласови (9,62 %), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 71.822 гласови (8,79 %), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 36.193 гласови (4,43 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 7.537 гласови (0,92%).