УКРАИНА

Бајден ја потпиша мерката за помош на Киев

25.04.2024 08:26

Џо Бајден рече дека овој пакет-помош ќе ја направи Америка и светот побезбеден и ќе го продолжи американското лидерство во светот...

Американскиот претседател ја потпиша мерката за воена помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван. Од средствата, 61 милијарда долари се наменети за Киев. Џо Бајден рече дека овој пакет-помош ќе ја направи Америка и светот побезбеден и ќе го продолжи американското лидерство во светот.

„Тоа беше тежок пат. Требаше да биде полесно и требаше да стигнеме порано. Но, на крајот, го направивме она што секогаш го прави Америка. Ќе се погрижам пратките да почнат веднаш. Ќе почнеме со испраќање опрема во Украина, муниција за противвоздушна одбрана, за артилерија, за ракетни системи и оклопни возила. Знаете, овој пакет е буквално инвестиција не само во безбедноста на Украина, туку и во безбедноста на Европа“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

САД испратиле проектили со голем дострел во Украина за употреба на нејзина територија, а оружјето пристигнало во земјата овој месец, соопшти Стејт департментот.