Хамас сака примирје, но под свои услови
Тел Авив изврши серија напади врз пограничните области, неколку часа откако Хезболах соопшти дека истрелал десетици ракети како одмазда за нападите ден претходно....

Хамас е подготвен на примирје со Израел и ќе го остави оружјето доколку се формира независна палестинска држава и ќе се вратат палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции.
„Подготвени сме да ги продолжиме преговорите со цел да се постигне прекин на огнот и целосно повлекување на силите. Израелците сакаат да окупираат дваесет проценти од Појасот Газа во она што тие го нарекуваат безбедна зона – ова е неразумно“, изјави Халил ал-Хаја, висок функционер на Хамас.
Претходно групата објави снимка од заложник киднапиран за време на музички фестивал, што според Тел Авив е итен повик за акција. Половина од командантите на либански Хезболах на југот на земјата се елиминирани, тврди израелскиот министер за одбрана. Тел Авив изврши серија напади врз пограничните области, неколку часа откако Хезболах соопшти дека истрелал десетици ракети како одмазда за нападите ден претходно.
„Во тек е офанзивна акција на силите на Израелската одбрана низ јужен Либан, а исто така и во други области. Оперативните резултати се многу импресивни – половина од командантите на Хезболах се елиминирани. Тоа се луѓето кои беа одговорни за офанзивните дејствија“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.
Хезболах почна да ги напаѓа израелски воени пунктови на границата, на 8 октомври, еден ден откако Хамас изврши напад врз јужен Израел, при што уби 1.200 луѓе и зема 250 заложници.
