Премиерот Санчез се повлекува од јавност
25.04.2024 08:36
Шпанскиот премиер Педро Санчез се повлекува од јавните должности и ќе размисли дали ќе остане на функцијата откако неговата сопруга Бегоња Гомес се најде под истрага за корупција...

Шпанскиот премиер Педро Санчез се повлекува од јавните должности и ќе размисли дали ќе остане на функцијата откако неговата сопруга Бегоња Гомес се најде под истрага за корупција. Санчез изјави дека таа ќе ја брани својата чест и ќе соработува со истражните органи.
Жалбата против Гомес ја покренала антикорупциската група „Чисти раце“, која во изминатите години учествуваше во неколку големи судски случаи и е предводена од лице кое се поврзува со крајната десница. Санчез кажа дека одлуката за својата политичка иднина ќе ја соопшти на 29 април.
