ЦУК: Во последното деноноќие 1.652 повици на 112
Во последното деноноќие, „реални“ повици биле 61,38%, а 38,62% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 652 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Во последното деноноќие, „реални“ повици биле 61,38%, а 38,62% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 69,82% и кон Итната медицинска помош 28,00%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 784 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (2,18) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (38,62%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Коловозите во државата се на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие. Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот. Но, сепак, на тие што патуваат се препорачува внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има вообичаено почесто можност од појава на одрони при вакви променливи метеоролошки. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во последното деноноќие немаше пожари на отворено, пожарникарите беа ангажирани и за отстранување вода од порои.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
